Лишен од слобода Холанѓанец баран од Интерпол
Објавено на 19 јули, 2019 во 09:10
При пасошка контрола, вчера во 11:50 часот на граничниот премин „Аеродром Скопје“ било констатирано дека лицето А.Г. (49) од Холандија се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол.
Oд МВР информираат дека лицето било лишено од слобода и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка