Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

helsinskikomitet fin

Бројот на регистрирани случаи на дискриминација во нашата земја бележи раст од 30 проценти, откако во 2018 година се регистрирани вкупни 119 случаи, наспроти 82 случаи регистрирани во 2017 година, покажуваат денеска објавените податоци од годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Најчести основи за дискриминација во регистрираните случаи се врз основа на личен и општествен статус, пол и род, сексуално ориентација, попреченост, етничка припадност и религија.

Според проект-координаторот Игор Јадровски, има значително зголемување на пријавување дискриминација во областа на работните односи.

– Тоа е област во која граѓаните најмногу пријавувале дискриминација во 2018 година. Имаме 45 случаи на дискриминација во работните односи, што е значително зголемување во споредба со 19 случаи пријавени во 2017 година – изјави Јадровски.

Посочи дека има и значителен раст во бројот на пријавени случаи на дискриминација во пристап до јавни добра и услуги – 21 и до здравствени услуги – 20 пријавени случаи.

– Забележително е што годинава има значително намалување во пријавувањето на случаи на дискриминација во образование. Ако во 2017 имавме 23, годинава има седум пријавени случаи на дискриминација во образование – истакна Јадровски.

Од вкупниот број пријавени случаи, најголем дел – 92, се директна дискриминација, додека еден како индиректна и 26 како случаи на вознемирување.

Здруженијата на граѓани и државните инстуции годинава имаат дадено 95 реакции во однос на случувања поврзани со дискриминација, што исто така е тренд на зголемување, во однос на 68 реакции во 2017 година.

Според Јадровски, годинава има значително помал број пријавени случаи на судски случаи на дискриминација од граѓанските организации. Во 2018 година пријавени се вкупно седум судски постапки, од кои во две има позитивни одлуки, во две негативни и три се уште се водат како тековни.

– Во постапувањето на Народниот правобранител имаме тренд на конзистентност. Имаме вкупно 92 постапки по кои постапувал во 2018 година, од кои во 31 утврдил дискриминација, во 47 постапки не утврдил и има 15 активни постапки, чија завршница доаѓа во 2019 година – изјави Јадровски.

Посочи дека има зголемување на бројот на иницирани постапки на Комисијата за заштита од дискриминација, односно 119 постапки во 2018 година, од кои за 19 е дадено позитивно мислење.

Според податоците добиени од судовите како информации од јавен карактер, посочи Јадровски, судовите имаат иницирано 36 постапки за заштита од дискриминација во 2018 година и имаат донесено 49 одлуки, од кои 28 се позитивни и е утврдена дискриминација и пет се правосилни одлуки.

Информаторот е изработен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на проектот „Унапредување на човековите права“. Во него се сублимирани податоци добиени од здруженија на граѓани за ригистрирани случаи на дискриминација, информации од јавен карактер добиени од првостепените судови за рбојот на судски постапки и обработка на податоци од Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново