Тешка кражба во црквата „Св. Архангел“ во битолско Долно Српци
Објавено на 3 септември, 2019 во 07:56
Извршена е тешка кражба во црквата Св. „Арангел” во битолското село Долно Српци – соопшти денеска СВР Битола.
Според првичните информации од црквата одземени се пари и вредни предмети, а кражбата се случила ноќта меѓу 31 август и 1 септември.
„По пријавата на кражбата во СВР-Битола, нашите екипи извршија увид и констатираа дека одземени се пари и црковни предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот“, истакна Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.