Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pendarovski fin

Доколку се случи Шпанија да формира влада и да го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО во предизборниот период, со оглед на тоа што предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април, за претседателот Стево Пендаровски не е спорно тој во Парламентотна Северна Македонија да биде потпишан по изборите и конституирање на новиот собраниски состав.

– Ако сите ратификации завршат и се чека на нас, бидејќи по сите 29 ратификации и ние треба да го ратификуваме Протоколот, а ние немаме Парламент и дојде до ситуација од нас да зависи, ќе го ратификуваме во април по изборите, рече Пендаровски синоќа во интервју за Телевизијата 24 вести.

Во врска со предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се изгласа ратификација со одложено дејство, како што направила Црна Гора, тој истакна дека се уште има правни дилеми дали тоа би било правно издржано.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново