Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

izmamnik fin

Приведен е измамникот кој лажно претставувајќи се дека е вработен во ПИОМ им земал на граѓани по околу 2.000 денари за да им врати пари кои не им биле исплатени како пензии на нивни блиски кои биле починати.

Станува збор за гевеличанец кај кого полициските службеници при извршен претрес во неговиот дом нашле и одзелеле телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

Случајот го открија граѓани на социјалните мрежи.

„Кажа дека има увид за мојот покоен татко дека му немаат исплатено 397.000 денари и доколку во рок од 24 часа се испратат по автобус фотокопија од извод на родени, трансакциска сметка и 1.870 денари и 100 денари на возачот веднаш на нашата трансакциска ќе легнат парите“, напиша скопјанка на Фејсбук.

МВР вели дека измамникот И.П.(41) од Гевгелија, вчера во 18,45 часот бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот во неколку наврати во изминатиот период извршил кривични дела „измама“ лажно претставувајќи се и како З.Ј., наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Р.С.Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170 илјади до 450 илјади денари по разни основи“, велат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели полицијата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново