Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kamion fin

Поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат” препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

Синоптичарите за попладнево најавија повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново