Комора на занаетчии: Сите мерки донесени за бизнис секторот, да важат и за занаетчиите
30.03 2020
Пандемијата со коронавирусот го погоди целиот занаетчиски сектор кој е во криза затоа што нема побарувачка на занаетчиски услуги. Занаетчиството е сектор каде функционираат семејни бизниси и егзистенција на цели семејства на занаетчиите, но и семејствата на вработените во занаетчискиот сектор се доведуваат во прашање. Во занаетчискиот регистар се регистрирани занаетчии кои функционираат како самовработени лица и занаетчии кои имаат вработени, станува збор за 5800 знаетчии и околу 3300 вработени. Од Комората на занаетчии бараат од Владата сите мерки кои ќе се донесат за бизнис секторот, да важат и за занаетчиите за да аплицираат, вели Никола Петров, претседател на Комората на занаетчии на Град Скопје.
„Предлагаме во мерката за субвенционирање за плати и придонеси да се предвидат и занаетчиите за време на кризниот период, во спротивно постои голема можност за напуштање на бизнисите и отпуштање на вработените. Предлагаме во мерката за аконтација за ослобдување од данок на личен доход додека трае пандемијата да бидат офатени и занаетчии кои паушално плаќаат данок по решение на УЈП, и занаетчии кои плаќаат данок во реално остварен приход се додека трае кризата. Да се најде модул и можност и занаетчиите да аплицираат за кредити од Македоснка банка за обнова и развој за да можат да останат бизнисите ликвидни затоа што во моментот занатетчиите регистрирани согласно законот за занаетчиство не се предвидени како организациона форма да аплицираат на јавниот повик. Занаетчиите и вработените во занаетчискиот сектор кои ќе бидат дома и во самоизолација да имаат третман на болни и да да бидат платени од Фондот за здравство од првиот ден на отсуството и трошокот да биде на товар на Фондот за здравство. Станува збор за самовработени лица кои доколку не можат да работат не можат да оставруваат приход за егзистенција.
Сите мерки кои ќе се донесат за бизнис секторот, да важат и за занаетчиите за да можат да аплицираат“, вели Петров, кој додава дека во досегашните мерки од Владата занетчиите не се опфатени во ниту една мерка, поднеле антикризни мерки за занаетчиите до Владата и досега немаат одобрение на истите.