Филипче: Тројца починати, 15 новозаболени, вкупно 570 заболени
6.04. 2020
Тројца починати и 15 нови случаи се регистирани во изминатите 24 часа. Двајца од починатите се од Тетово, од кои еден пацинет (69) со тумор на мозокот, додека вториот(65) немал хронични болести. Третиот починат е од Кочани, 40-годишник, исто така без претходни болести.
Седумина заболени имале негативни тестови и се сметаат за излечени. Од новозаболените, најголем број се од Куманово, соопшти министерот за здравств Венко Филипче.
Од новозаболените четири лица се од Скопје, Куманово – осум, додека по еден пацинет има од Тетово, Струга, Штип. Бројката на заболени од Ковид 19 во моментов изнесува 570, изјави Филипче.
Епидемија го смени својот тек, а луѓето помалку ги почитуваа пропишаните мерки, особено со промената на времето, поради што неопходни се нови, порестриктивни мерки, објасни Филипче. Премиерот Оливер Спасовски, пак предупреди дека земјата влегува во фаза кога е неопходно намалување на контактите, поради што се воведуваат порестриктивни мерки.
На Инфективната клиника има примено 10 нови пациенти, вкупно 70, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика. Во болницата „8 Септември“, четири пациенти примени за кои се чекаат резултати. Во Битола има еден хоспитализиран, дојден од Охрид каде претходно бил во болница, откако Битола е прогласен за регионален центар за прием на заразени со корона вирус. Во Штип има четворица пациенти со лесна клиничка слика.