Забранета посетата на гробиштата за Задушница и Духовден
Објавено на 4 јуни, 2020 во 08:27
4.06.2020
За време на претстојниот продолжен викенд кога се одбележуваат верските празници Задушница и Педесетница (Духовден) ќе биде забранета посетата на гробиштата на територијата на целатата држава, освен за погреби.
Според одлуката за забрана за движење што ја донесе Владата, на гробишта не смее да се оди во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.