Приведен сопственик на кафетерија во Брвеница поради не почитување на протоколи за работа
20.06.2020
Сопственик на кафетерија во тетовското село Брвеница и уште едно лице од Голема Речица синоќа се приведени поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти во услови на пандемија, додека едниот од нив одбил да се легитимира.
Како што соопшти МВР, во Д.К.(62) и Н.С.(48) при биле во кафетеријата во Брвеница каде била спроведена акција на пазарните инспектори во соработка со Финансиската полиција. Притоа било констатирано дека Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект не ги почитувал протоколите што е казниво по член 206 од КЗ за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, додека Н.С. одбивал да се легитимира и ги омаловажувал полициските службеници.
При извршен претрес кај него бил пронајден нож.
По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.