Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nacionalnaarena fin

3.07.2020

Владата ги објави протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори.

Oбјавени протоколите за спортски натпревари:

ВО РАБОТАТА НА КЛУБОВИТЕ УЧЕСТВУВААТ СЛЕДНИТЕ ЛИЦА:

Фудбалери – 25
Тренери – 5
Медицински персонал – 3
Администрација – 5

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ДЕЛЕГИРАНИ ОД ЛИЦА ОД ФФМ:

Судии – 4 по натпревар во најголем дел, на дерби има 6 судии
Делегат на натпревар – 1 по натпревар
Контролор на судењето – 1 по натпревар
Комесар за безбедност – 1 по натпревар по потреба.

ПРЕДЛОГ-МЕРКИ

Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;
Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност, што е услов за учество / учество на натпревар /;
Тестирање на COVID-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително;
мерење на температура на сите учесници при влегување во стадион;
употребата на заштитни маски е задолжителна освен за фудбалерите кои се на терен во игра;
секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;
зачестено чистење и дезинфекција на сите простории на стадионот, материјалите и опремата;
одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт).

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е да се подели во 3 фази, како што следува:
почеток на индивидуален тренинг на играчи на стадионот, без физички контакт (3 дена);
почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено) (7 дена);
колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот);

Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за тренинг. Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на самото натпреварување.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново