Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

VladimirPancevski fin

11.07. 2020

По изминувањето на 24 часа од решението за притвор, преку кое Основниот суд од Велес се обиде да го обезбеди за рочиште поранешниот судија, Владимир Панчевски, во јавноста излегоа повеќе шпекулации, меѓу кои и таа дека веројатно успеал да ја напушти државата преку еден од дивите премини. На Панчевски му било дојвено дека ќе биде притворен поради непојавување на судењето, па времето од доаѓањето на полицијата, екс судијата успеал да го искористи за да побегне.

Но, ова се само непотврдени информации. Извесно е дека Владимир Панчевски неколку пати не се појави на закажаните судења во Основниот суд во Велес, каде му се суди за злоупотреба на АКМИС системот. Според обвинението, Панчевски, како претседател на Кривичниот суд во Скопје, од 2013 до 2016 со писмен параф наредил четири предмети да бидат распределени кај одедени судии, по еден во Неготино и Куманово, 41 обвинение од Обвинителството гонење на организиран криминал и две од СЈО.

Лани во декември, по повеќемесечна суспензија, Панчевски беше разрешен од Судскиот совет од функцијата судија.

Панчевски до вчера беше особено активен на социјалните мрежи. Последните денови не бираше зборови за критика и исмејување на актуелната власт.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново