Ковид-19: И понатаму троцифрени бројки новозаразени во Македонија
11.08.2020
Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Од направените 762 тестирања, 109 нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 422 заболени, а едно лице почина.
Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на Ковид -19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 11942 случаи на заразени лица, излекувани се 8087 лица, а починаа 528. Додека, бројот на активни случаи изнесува 3327.
Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рeсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.
Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.
Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата во земјава регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице. И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.