Променливо облачно, наместа со дожд и ветер
Објавено на 28 септември, 2020 во 07:09
28.09.2020
Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Стабилизирање на времето се најавува од среда.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 степени.
Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.