Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево
Објавено на 20 октомври, 2020 во 08:51
20.10.2020
На 19.10.2020 околу 21.25 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Стража, А.И.(19) од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Според билтенот на МВР, повредениот возач е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.