Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

rumen radev

27.11.2020

Бугарскиот претседател Румен Радев се осврна на актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија и нагласи дека Бугарија мора да се согласи да започне преговори со Македонија откако ќе бидат признати објективните историски факти и процесот на искоренување на говорот на омраза ќе стане одржлив и неповратен.

Радев, како што пренесува „вести.бг“, истакнал дека владата со години дава великодушни ветувања за безрезервна поддршка на Република Северна Македонија.

„Го гледаме резултатот денес, премногу доцна владата се сети дека треба да го штити националниот интерес“, рече претседателот.

Според него, би било голема грешка ако премиерите Борисов и Заев играат „некаков театар“ и потпишат декларација за желби, како што е договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за реализација.

–Имаме најголема желба нашите пријатели од Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и затоа мора сега да почекаме да се смират страстите. Ние мора да се вооружиме со трпеливост за отворен, мирен разговор, за да можеме јасно да ги видиме позициите на обете страни и да не бидеме во искушение да имитираме триумф со брзи одлуки, рече Радев.

– Додека зад оваа фасада,  продолжуваат да гнијат проблемите на режимот на Тито и неговата идеологија, Бугарија, не успеа да ги вклучи нашите барања во рамката за преговори, и мора да се согласи да започне преговори, откако ќе се признаат објективните историски факти и кога ќе се изврши процесот на искоренување на јазикот на омраза, и искоренувањето на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане одржливо и неповратно, категоричен е бугарскиот претседател.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново