Утрински температури над нула
Објавено на 3 декември, 2020 во 09:58
3.11.2020
На територијата на целата држава утрово се измерени темепратури над нулата, соопшти УХМР.
Најстудено било во Берово, Крива Паланка, Дебар, Крушево, Маврово, Лазарополе со темепратура од еден степен, во Скопје-Зајчев Рид се измерени два степена, три степени беше во Скопје-Петровец и во Тетово, четири степени во Куманово и Прилеп, пет степени во Струмица и шест степени Целзиусови во Битола, во Штип, во Охрид, во Демир Капија, во Гевгелија, во Дојран и во Претор.
Изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнат е воден талог од три л./м2 во Пожаране, еден во Тетово, а под еден литар врнежи имаше и во Охрид, Битола и во Прилеп.