Обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19
18.01.2021
Од Институтот за трансфузиона медицина, информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19 од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент.
– Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19.
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина.
Да ја покажаме својата хуманост и да помогнеме во лекувањето на другите заболени со ковид-19.
#ИнститутЗаТрансфузионаМедицина #КонвалесцентнаПлазма #Ковид-19 #Хуманост #ЗаболениОдКовид-19