Денеска променливо облачно време со сончеви периоди
22.01.2021
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утре и во недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Во наредните денови, односно до понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.
Денеска висината на снежната покривка во земјава утрово во седум часот изнесуваше 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 сантиметри во Битола, два сантиметра во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.
Стефани Манева
#УХМР #ВременскаПрогноза #Снег #Дожд #УмеренВетер