УХМР: Времето денеска сончево, кон крајот на денот врнежи од дожд
Објавено на 25 јануари, 2021 во 09:58
25.01.2021
Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилно во западните делови.
Утре ќе биде претежно облачно и студено време, со локални врнежи од дожд кои во текот денот ќе преминат во снег и на некои пониски места.
Во следните денови поради продор на студена воздушна маса, ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Стефани Манева
#ВременскаПрогноза #Сончево #ВрнежиОдДожд #ЈугозападенВетер #Снег