Снежна покривка од 40 сантиметри на Попова Шапка
26.01.2021
Највисока снежна покривка од 40 сантиметри утрово имаме на Попова Шапка, во Лазарополе 23 и во Маврово 13 сантиметри снег, инфромираат од Управа за хидрометеоролошки работи. Во текот на денешниот ден на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка, но поради засилен ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.
Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но попладне дождот ќе премине во снег и на пониските места но со послаб интензитет. Попладне ќе дува силен север ветер што ќе услови нагло опаѓање на температурите.
Температурата во текот на денот ќе се намалува, па максималните вредности на повеќето места ќе бидат оние кои се измерени утрово, односно од четири до 10 степени.
Во текот не утрешниот ден не очекува облачно и студено време, со силен северен ветер и на одредени места ќе провејува снег.
Во четврток веќе ќе имаме стабилизација на времето, но ќе се задржи студено особено во утринските часови.
Стефани Манева
#УХМР #ВременскаПрогноза #Време #ОблачноВреме #ВрнежиОдСнег #СеверенВетер #СтудениВреме