АМСМ: Целосно е укината забараната за движење на камиони на патниот правец Маврово – Дебар
26.01.2021
Од осум часот наутро забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар, е целосно укината.
Сообраќајот денеска се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Маврово како и на планинскиот превој Стража.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева
#АМСМ #ЗабранаЗаДвижење #ТешкиТоварниВозила #УкинатаЗабрана #ВлажниКоловози #ВрнежиОдСнег