Двајца кумановци добиле кривични пријави за фалсификување на пари
27.01.2021
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (43) и Н.С.(32) од Куманово, за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 22.01.2021 година од едно лице од Тетово обезбедиле 37 фалсификувани банкнори во апоени од по 50 евра. Следниот ден во период од 05.00 до 06.00 ги пуштиле во оптег како вистински пари во казино во Куманово.
26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со износ од 79.950 денари. Тие истите пари ги користеле на игри на среќа во истото казино.
Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во Сектор за внатрешни работи Куманово. Од полициски службеници од казиното одземале 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничкото возило во сопственост на А.Р. кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени уште 11 банкноти во апоени од по 50 евра и истите се одземени.
Стефани Манева
#ФалсификуваниБанкноти #50Евра #Куманово #Тетово #Казино #СВРКуманово