Нивото на Преспанското Езеро со 31 сантиметар над апсолутниот минумум
Објавено на 27 јануари, 2021 во 11:42
27.01.2021
Денеска нивоата на речиси сите реки во земјава се зголемени. Одредени реки имаат и тројно повисоки водостои покажуваат деннешните хидролошки мерења.
Според Управа за хидрометеоролошки работи Дојранското Езеро е над просекот за месец јануари, додека пак Охридското Езеро е со пониски вредности од јануарскиот просек.
Преспанското Езеро го има надминато апсолутниот минимум за цели 31 сантиметар.
Стефани Манева
#УХМР #Езера #Реки #Преспанско #ОхридскоЕзеро #ДојранскоЕзеро