Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

brza pomosс

25.02.2021

Возилата на Итната медицинска помош во Скопје ќе бидат опремени со систем за навигација и ГПС локација со што точно ќе се знае каде се и на местото на повик ќе биде испратено она возило кое е најблиску.

Станува збор за донација од Стопанка банка со која ќе бидат опремени сите возила на Итната медицинска помош во Скопје.

– Тоа значи дека за 21 возило секогаш преку централниот мониторинг точно ќе се знае каде се лоцирани и колку време е потребно да се јават и да се укаже итна медицинска помош. Ова значи дека значајно ќе се рационализира работата и дека до местото на повик ќе стигнува возилото кое ќе биде лоцирано дека е најблиску, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при примопредавањето на донацијата.

Со ова, смета тој, целосно ќе се смени начинот на кој функционира оваа служба и граѓаните ќе добијат побрз пристап до итната медицинска помош.
Директорот на Здравствениот дом Виктор Исјаковски изрази задоволство од досегашната соработка со Стопанска банка и истакна дека се добиени и 12 медицински фрижидери од кои два се веќе инсталирани во поликлиниката Бит пазар.

– Се очекуваат уште 10 фрижидери кои ќе бидат наменети за вакцини и за сите потреби што ги имаме во овој временски период. Ги очекуваме и овие 10 фрижидери кои ќе бидат распределени во останатите поликлиники, изјави Исјаковски.

Директорот на Стопанска банка Диомидис Николетопулос ги охрабри и останатите компании да го следат нивниот пример и да бидат општествени одговорни со цел да се заврши и оваа последна фаза од пандемијата.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново