Маричиќ: Да не се повтори времето кога се нарачуваа судски пресуди
Објавено на 15 април, 2021 во 07:53
15.04.2021
„Заврши времето со нарачки на пресуди, сега одлуките на судот и на обвинителството се во нивни раце, како и сите попатни мерки како што се притворот, конфискација на имот, сето тоа сега го одлучуваат надлежните институции, а не партиите, изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, во интервјуто на ТВ Стар.
-Пресудите исто така, затоа велам тоа време заврши и да не се повтори. Ние ја научивме таа лекција и ни би оделе низ истиот процес. За нас е важно работите да течат, никој да не биде обесправен, секој во рамките на законот, и во разумен рок, да стигне до правдата.“- дополнува тој.