Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа констатирал дека Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар, веќе не е член на ЛДП, по неговата изјава дека преминува во СДСМ.

Одборот донел одлука да се исклучи Жерновски од органите и телата на партијата.

Како што дознава Плусинфо, Централниот одбор на ЛДП му посакал среќа на Жерновски во новата партија, а на СДСМ му посакал повторно да не му се случи Стевче Јакимовски. За денеска ЛДП најави официјално соопштение во врска со ова.

Жерновски беше лидер на ЛДП од 2011 до 2015 година.

Поврзани вести

 

Најново