Криминална банда во Банско краде луксузни автомобили
Објавено на 9 јануари, 2016 во 14:51
Банско осамна утрово под полициска опсада, а причината е акција на полиција во потрага по крадени автомобили од банда која работи меѓу Софија и Банско.
Криминалната банда краде автомобили само од една марка, а нејзините членови се од Пловдив.
Дел од откриените шест возила се пронајдени во „Мавриковата куќа за гости“, а два од луксузните автомобили се правени по нарачка.
Полициската акција е преземена откако во последните денови се водат за исчезнати џипови на гости на туристичкиот град.
Сопственикот на куќата каде се пронајдени автомобилите е уапсен. Конфискувани се Ауди, Мерцедес, БМВ, Фолкваген Туарег и 2 џипови. Внатре во гаражата биле пронајдени сите потребни машини за сечење на автомобилите.