Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Приврзаници на косовската опозиција во Приштина денеска одржуваат нов протест на кој повторно бараат поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Протестантите се собраа пред  зградата на Филолошкиот факултет во Приштина и се упатија кон центарот на градот кон Парламентот и Владата.

Во градот, распоредени се голем број на полицајци, и блокирани се улици. Засилено присуство на полицијата е регистрирано и на магистралните патишта од Косовска Митровица, Гњилане, како и на другите патишта кои водат кон Приштина.

Припадниците на косовската опозиција фрлаа камења и молотови коктели врз зградата во Приштина. Полицијата е спремна за евентуална ескалација, додека силите на Кфор се во состојба на подготвеност.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново