Новинари изведени пред суд во Истанбул
Објавено на 29 јули, 2016 во 12:34
Дваесет и еден новинар денеска се појавија во турски суд откако беа уапсени по неуспешниот воен удар, изведен на 15 јули.
Истовремено, Министерството за односи со ЕУ суспендираше неколку свои вработени.
Телевизиските снимки прикажале снимка од внесувањето на новинарите во судница во Истанбул. Тие се меѓу 42 истакнати новинари за кои е издаде налог за апсење во понеделникот.
Во Турција на сила е вонредна состојба. Досега се уапсени повеќе од 16.000 лица, а десетици илјади се отпуштени од работа.
– Да не беа уапсени овие лица, тогаш воениот удар ќе беше успешен – рече шефот на турска дипломатија, Мевлут Чавушоглу.
Извор: Плусинфо.мк