По пет децении се затвора Црногорска Лотарија
Објавено на 26 декември, 2016 во 09:15
Лотарија на Црна Гора престанува да приредува игри на среќа на 31 декември оваа година, по 56 години работа, соопшти компанијата.
Лотаријата ги извести играчите дека последното коло на Тото, Лото и Томбола ќе биде на 29,30 или 31 декември оваа година.
Договорот за концесија за лотариски игри по дополнителното продолжување истекува на 31 декември и веќе не може да биде продолжен, јавуваат црногорски медиуми.