Земјотреси на два грчки острови
Објавено на 16 февруари, 2017 во 09:49
Земјотреси синоќа имало кај грчките острови Лезбос и Крит.
Во околината на Крит потресот бил со јачина од 4,5 степени и бил почувствуван во градот Ираклион.
Земјотресот во близина на Лезбос бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето на 64 километри северозападно од Лезбос, а вториот на 36 километри југоисточно од градот Тимбаки.
Утрово имало повеќе од 10 земјотреси во Турција. Земјотреси ги стресоа утрово Кипар, Туркменистан и Италија. Најсилниот бил во Западна Турција со јачина од 4.8 степени.