Макрон и Ле Пен во втор круг на претседателските избори во Франција
Објавено на 24 април, 2017 во 08:06
Независниот центристички кандидат Емануел Макрон освои 23,75 проценти, додека кандидатката на крајнодесничарскиот „Национален фронт“ Марин ле Пен освои 21,53 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат конечните резултати, пријавени од француското Министерство за внатрешни работи.
Трет е конзервативецот Франсоа Фијон со 19,91 процент, потоа кандидатот на крајната левица Жан-Лук Меланшон со 19, 64 отсото од гласовите, стои во соопштението на француското МВР.
На 7 мај, кога ќе биде одржан вториот круг на претседателските избори во Франција.
Тогаш ќе биде одлучено кој е новиот претседател на земјата, ќе се натпреваруваат кандидатите што ги освоија првите две места во првиот круг, Макрон и Ле Пен.