Оксфорд го стопира развојот на вакцина против Ковид-19, се разболе еден од волонтерите
9.09.2020
Финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина е привремено прекината по неповолната реакцијата што е забележана кај еден од испитаник. Вакцината што заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ е една од водечките опции за борба против Ковид-19. Но, случајот на „необјаснива болест“ е запрено на одредено време, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од „АстраЗенека“ од каде прекинот го опишуваат како „рутински“.
Исходот од испитувањето на оваа вакцина, но и на останатите, се чека со нетрпение од целиот свет. „Би-Би-Си“ наведува дека вакцината успешно ја минала првата и втората фаза и се очекуваше да биде меѓу првите, ако не и прва, што би можела да се најде на пазарот по сите клинички фази што е потребно да се минат.
Третата фаза на испитување се спроведува на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка. Стопирана е на сите локации, а независни истражители најпрво ќе ги прегледаат сите податоци на сигурност пред регулаторите да одлучат дали истражувањето може да тргне од почеток, наведува „Би-Би-Си“.
Ова е втор прекин на испитувањето на оксфордската вакцина што се случува со големите клинички тестирања кога волонтер ќе заврши во болница без да биде позната причината.