Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kovidvoEvropa fin

23.09.2020

Пандемијата со Ковид-19 веќе има заразено 5.000.421 лице во Европа и 227.130 смртни случаи.

Ден претходно беше надминат симболичниот праг од 200.000 жртви во САД, каде има најмногу смртни случаи од Ковид-19.

На стариот континент, повеќе од 380.000 нови случаи се потврдени во изминатите седум дена, што е најголем број заразени во рок од една недела во регионот по избувнувањето на пандемијата.

Ова зголемување на инфекциите делумно се објаснува со зголемувањето на бројот на тестови во некои европски земји, како што е Франција, каде што се прават повеќе од милион тестови неделно.

Со оглед на наглиот пораст на инфекциите во Париз – 204 заразени на 100.000, властите може да најават поостри мерки за главниот град на Франција денеска.

Можни се следните мерки: забрана за продажба на алкохол од 20 часот, забрана за собирање повеќе од десет лица и намалување на бројот на луѓе за големи собири од пет на илјади луѓе.

Од друга страна, не се разгледуваат нови ограничувања за домовите за стари лица во регионот на Париз, ниту пак се преземаат нови мерки за транспортот или работно време за барови и ресторани.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново