Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Bajden Tramp fin

28.10.2020

Една недела пред претседателските избори во САД на 3 ноември, демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Доналд Трамп на национално ниво со 10 процентни поени. Ова се резултати на спроведена анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Национална онлајн анкета била спроведена од 23 до 27 октомври, годинава. Резултатите покажаа дека 52 отсто од гласачите изјавиле дека го поддржуваат Бајден, додека 42 отсто би гласале за Трамп

Пет проценти од анкетираните се изјасниле дека размислуваат за кандидат од трета страна, а само 2 проценти одговориле дека сè уште не знаат за кого ќе гласаат.

Скоро една третина од возрасните Американци изјавиле дека веќе гласале.

Бајден водеше со 8 процентни поени во претходната национална анкета спроведена од 20-22 октомври.

Ројтерс/Ипсос ја спроведе анкетата меѓу веројатните гласачи во шест држави – Висконсин, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Флорида и Аризона – кои ќе играат клучна улога во одлучувањето дали Трамп ќе добие втор мандат или Бајден ќе го наследи.

Најголемата разлика е во Висконсин, каде 53 отсто од испитаниците се изјасниле за Бајден, а 44 за Трамп. Во Мичиген, Бајден ја зголеми предноста во однос на последната анкета од 51, на 52 отсто, додека Трамп доби 43 проценти од гласовите.

Најнеизвесно е во Северна Каролина каде 49 проценти од испитаниците би гласале за Бајден и 48 отсто за Трамп.

28

Инаку, досега својот глас го дале близу 69,5 милиони луѓе, што е половина од вкупниот број гласови на изборите во 2016 година, јави ДПА. Според Изборната комисија на претходните претседателски избори вкупно гласале околу 137 милиони луѓе. Исто така, на изборите во 2016 година предвреме гласале 47 милиони лица.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново