Запленети 400 фалсификат вакцини против ковид-19 во Јужна Африка: Уапсени тројца Кинези и државјанин на Зимбабве
Објавено на 4 март, 2021 во 09:19
04.03.2021
Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици лажни вакцини против ковид-19, по глобалното предупредување од Интерпол дека вакцините станаа примарна мета на криминалните организации.
Во магацин во Гермистон, во близина на Јоханесбург, биле пронајдени 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата упаси тројца државјани на Кина и еден на Зимбабве.
Претходно, кинеската полиција идентификува криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упадна во погонот за пакување и уапси 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажни вакцини. Во истрагата учествуваше одделение на Интерпол за недозволени производи и глобално здравје.