Фронтекс предупредува: После пандемијата зголемен број на мигранти ќе се упатат кон Европа
Објавено на 23 март, 2021 во 10:43
23.03.2021
Директорот на Агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ, Фронтекс, Фабрис Леџери, очекува по пандемијата на коронавирусот да дојде до значително зголемување на бројот мигранти кон Европа.
-Убеден сум дека по корона-кризата, поголем број бегалци ќе се обидат повторно да дојдат до Европа, изјави Леџери за германските медиуми.
Актуелниот, помал број, мигранти на надворешната граница на ЕУ, Леџери го објаснува со мерките што секоја земја ги воведе за ограничување на ширењето на коронавирусот.
-Минатото лето, кога мерките за патување беа релаксирани, се соочивме со поголем број мигранти кои се упатија кон Европа, потсети првиот човек на Фронтекс.