СЗО: Повеќе од пола милион нови случаи на коронавирус, вкупниот број надмина 130 милиони
05.04.2021
Во изминатиот ден, во светот беа регистрирани повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирусот, а вкупниот број на такви случаи надмина 131,434 милиони, објави Светската здравствена организација.
Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус е зголемен за над 510.360 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 131,920,434..
Бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 се зголеми за 10.173 – вкупно досега 2.842.135.
Во Северна и Јужна Америка се повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи на Ковид-19 (177.098 случаи). Следат Европа (169.858 случаи) и Југоисточна Азија (103.810).
Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894) и Велика Британија (4.357.095), Италија (3.650.247), Турција (3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).