Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kosovo fin

Министрите за земјоделство, трговија и економија на Македонија, Србија и БиХ, како и претставникот од Црна Гора денеска на состанокот во Белград ја поздравија одлуката на Приштина за делумно повлекување на трговските бариери, со барање, веднаш, без одложување, да ги повлече царините и за останатите производи.

Еден од заклучоците на состанокот е и секоја земја да може да воведе соодветни контра-мерки, ако Косово во најскоро време не ги укине и останатите трговски бариери.
Министрите донесоа одлука за формирање оперативно тело со цел спречување и решавање на идните трговски бариери во регионот. Воедно испратија порака дека се против почнување царинска војна во регионот, зашто сите земји, рекоа, со тоа губат.

– Македонија и натаму е најпогодена со овие бариери. Очекуваме итно повлекување на оваа одлука. Во спротивно Македонија ќе ги преземе сите чекори и мерки кои се во функција на заштита на македонското земјоделство, домашното производство и граѓаните, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски по состанокот во Белград.

Според српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, договореното оперативно тело ќе работи до стапување во сила на Протоколот 7 од ЦЕФТА договорот.

– Ова тело ќе работи на брзо и ефикасно решавање на евентуалните проблеми и спречување нови царински бариери. Тоа не значи дека се анулира ЦЕФТА Договорот, ниту е нејзина замена, туку е привремена мерка до целосната примена на Протоколот 7, истакна Љајиќ.

Повикувајќи се на првичните информации, српскиот министер рече дека Косово се уште ги нема тргнато царините за доматите, пиперките, малините, јаболката, капините, крушките…

На состанокот е постигната согласност за натамошна реформа на ЦЕФТА со цел олеснување на трговијата на Западен Балкан, за што се очекува директна подршка од Европската комисија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново