Полицијата извести дека вчера во земјава влегле 729 бегалци, од кои 327 се од машки пол, 138 се од женски, 263 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патувало без родител. По нивно барање, граничните власти им издале потврда за побаран азил.

Методологијата за прочистување на Избирачкиот список ќе се разгледува на денешниот состанок на работната група што ја води белгискиот посредник Питер Ван Хауте, а на која ќе учествуваат претставници на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА. Од друга страна веќе се поизвесно е дека партиите бараат нов датум за избори, бидејќи како што коментираат партиски претставници, одложувањето на изборите веќе се случило со тоа што оставката на Никола Груевски од премиерската функција не беше констатирана во рокот од 100 дена пред денот на изборите 24 април, како што предвидуваше Договорот од Пржино.

Сообраќајот на граничниот премин Блаце е нормализиран од 7:30 часот, по прекин од повеќе од два часа поради излизгување на автомобил.

Од денеска  ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин,Тетово и на планинскиот премин Стража.

Денеска  ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново