Македонските партиите во преговорите се обвинуваат меѓусебе дека другата го кочи договорот и бега од избори. ДУИ оптимистички очекува договор наскоро, јави Радио Слободна Европа.

На средбите на работните групи во Пржино воопшто не се разговарало за формирање на Специјално судско одделение или специјално одделение во МВР кои би работеле на случаите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Такви преговори со власта директно водат претставници на меѓународната заедница и тие не се предмет на преговори на партиските претставници, пишува Дојче веле.

Преговорите помеѓу четирите политички партии кои се потписници на ланскиот договор од Пржино ќе продолжат и денеска во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во скопската населба Пржино, со посредство на американскот амбасадор Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. Услови за лидерска средба уште не се постигнати.

Претставниците на политичките партии кои и денеска разговараа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и со американскиот амбасадор Џес Бејли за надминување на политичката криза во земјава, повторно излегоа со различни впечатоци околу напредокот на разговорите.

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија (ДИК), синоќа пред полноќ ги поднесе кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5.јуни.

Никола Груевски сепак преговара, и бетонираниот датум за избори веќе е разбиен со хилтите на САД и ЕУ. Очигледно е голем влогот кога ВМРО ДПМНЕ мора повторно да се повлече и од овој по нивна мерка закажан датум за избори. Нема услови да се оддржат избори на 5 јуни , тоа е апсолвирано и од целата опозиција, и од албанските политички партии и од конструктивниот професионален дел на ДИК . Тоа му е јасно и на самото раководство на ВМРО ДПМНЕ, врхушката околи Груевски , ама сега смислуваат како тоа да го спакуваат пред сопственото членство. Станува мачно ама сега повторно мора преку своите ТВ мегафони и пискарала да перат мозок дека странските служби, тоа чадорите и Заев се бељата, а не нивните бељи фатени „живи“ токму од тие кои нивните пискарала јаво ги кабаетат.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново