Извозот на јагниња пред Велигден заврши, но годинава со драстично пониска откупна цена од лани. Сточарите велат дека за разлика од лани кога за килограм јагне се плаќало 175 денари, годинава откупната цена е намалена на 100 до 120 денари. Дополнително, сточарите немаат земено ниту субвенции за да можат да ја компензираат ниската откупна цена, оти исплатата е сеуште заглавена во Министерството за финансии. Сточарите велат дека поради ниските откупни цени ќе бидат принудени да продаваат дел од овците за да можат да ги покријат трошоците. А наспроти ниските откупни цени, цените продажната цена на јагнешкото месо во месарниците се движи од 300 до 360 денари за килограм, пишува Фактор.

Во март цените на нафтата почнаа да паѓаат, а од 24 март тие се зголемуваат.

Германија е „атрактивна“ за работа на црно.  Во оваа земја на црно најчесто работат младите, студентите и пензионерите.

Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.

Состојбата во Македонски Железници не е од вчера, штрајкот е резултат на лошо спроведените менаџерски политики кои наместо да им обезбедат сигурност и плати на работниците, ги ставаат во незавидна и зависна состојба. Без плата не се живее, работниците живеат на прагот на сиромаштијата, се работи под силни притисоци, наместо за обнова и развој се трошат пари за непрофитабилни проекти- вака накусо за Фактор, ја опишува состојбата во Македонски Железници, првиот синдикалец, Марјан Ристески. Во компанијата работи околу триесет години. Памети, добри и лоши времиња, но вели последниве случувања покажуваат сериозни аномалии на долгорочен план, бидејќи се ветува многу, а се реализира малку. Па така на терен финкционираат само неколку локомотиви, опремата е застарена, а исто и условите за работа, пишува Фактор.

Владата утре од домашните кредитори планира да позајми над 43 милиони евра. Сумата ќе ја обезбеди со издавање на државни хартии од вредност и тоа државните записи се со рочност од безмалку една година, додека парите што ќе ги зајми преки обврзница над 11,3 милиони евра ќе се враќаат за 15 години.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново