56 години го бркале, а кога го фатиле, одлучиле да го ослободат
Френк Фрешвотерс (79) е фатен во мај минатата година, откако во 1959 година побегнал од затворот во Охајо, овековечен во филмот „Бегство од Шошенк“. Меѓутоа, тој зад решетките се задржал многу кратко и веќе оваа недела ќе биде пуштен на слобода.
„Бегалецот од Шошенк“, како што веќе го нарекоа медиумите, отслужил само две години за убиство пред да побегне. Поголемиот дел од животот го поминал под лажен идентитет, како Вилијам Кокс. Работел различни работи, вклучувајќи и возење камион.
Кога минатата година конечно го фатиле на Флорид, бил вратен во Охајо. Таму поминал помалку од една година, а причината за неговото ослободување е лошото здравје. Во април ќе наполни 80 години и најверојатно ќе живее со синот во Западна Вирџинија.
Од затворот, кој бил сместен на фармата, Фрешвотерс побегнал во септември 1959 година. Фатен е во 1975 година во Западна Вирџинија, но државниот гувернер одбил да го екстрадира на властите во Охајо.
Потоа Фрешвотерс повторно почнал да се крие и не можело да му се влезе во трага сè до овој понеделник.
Тој станал предмет број еден меѓу застарените случаи и полицајците го пронашла во Мелбурн во Флорида, каде живеел под името Вилијам Харолд Кокс.
Извор: Плусинфо.мк