Француски хотел одби да ги смести Кејт и Вилијам поради недостиг на соби
Хотел со пет ѕвездички во северниот француски град Амиен не можеше да направи резервација на британскиот престолонаследник принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон за месец јули, бидејќи во него веќе нема слободни места.
Оливер Валти, менаџер на хотелот “Марони”, во кој има само 12 спални, изјави дека сакал да ја разјасни причината за одбивањето на кралското семејство. “Ние бевме прашани дали сме слободни и за жал бевме полни”, посочи тој.
Вилијам, кој е втор по ред за престолот на Велика Британија, и неговата сопруга Кејт планираат да го посетат Амиен за прославата на 100 години од битката кај Сомалија на 1 јули.
“За нас ова барање е чест”, изјави уште Валти, кој додаде дека француското МНР е запознато со тоа дека хотелот не можел да обезбеди четири соби за кралското семејство и нивната придружба. Тој исто така додаде дека сите соби во хотелот се полни една година однапред.
Битката кај Сомалија се смета за една од најкрвавите во Првата светска војна. Во неа се повредени или исчезнати над 1 милион лица за периодот меѓу јули и ноември 1916 година, Франција и Велика Британија заеднички организираат свеченост, на која се очекува да присуствуваат 25 000 луѓе.
Извор: Локално.мк