Турција ги блокираше Фејсбук и Твитер по масакрот во Анкара
Корисниците на социјалните мрежи од Турција се гневни поради одлуката на тамошните власти да ги блокираат Твитер и Фејсбук, поради масовното споделување на фотографиите од бомбашкиот напад нво Анкара којшто се случи вчера.
Најмалку 27 лица загинаа, а 75 се ранети во силната експлозија што ја потресе Анкара.
„Додека многумина се обидуваат да ги контактираат саканите лица во Анкара преку Фејсбук и Твитер, Турција ја блокираше достапноста до овие мрежи“, е еден од коментарите на Твитер.
Истата вест ја пренесоа и другите странски медиоуми, со информациите дека забраната за користење на Твитер и Фејсбук ја наредил судот во Анкара, поради бројните фотографии од местото на експлозијата, коишто протекоа на интернет.
Неколку локални корисници пријавиле дека имаат тешкотии при пристапот на сајтовите, пренесе „Ројтерс“.
Турција минатата година го забрани пристапот до Твитер поради споделувањето на фотографии на обвинителот на кого со смрт му се закануваше левичарски екстремист.
Извор: Плусинфо.мк