Мачка – клептоманка на чорапи и боксерки
Објавено на 23 март, 2016 во 09:26
Бригит е шестгодишна тонкиншка мачка која има клептомански способности. Оваа мачка во периодот од јануари на соседите од жица има украла 11 боксерки и повеќе од 50 чифта чорапи.
Нејзината сопственичка, Сара Нејтан од Нов Зеланд, на својот профил на Фејсбук објавила фотографија од мачка како позира покрај неколку парчиња долна облека.
Нејтан има желба да им ги врати украдените работи на нејзините соседи, па затоа им оставила пораки во поштенско сандаче и објавила порака на социјалните мрежи.
– Повеќето тонкиншки мачки се „ноќни птици“, а Бригит особено била заинтересирана за машката долна облека – изјавила нејизната сопственичка.
Семејството наскоро се сели на друго место и сметаат дека нивните соседи ќе бидат среќни поради тоа.