Мајка и тригодишна ќерка изведуваат неверојатни акробации заедно
Објавено на 15 април, 2016 во 13:03
Поранешната ѕвезда на Cirque du Soleil, Gasya Akhmetova-Atherton, од Њујорк, по породувањето повторно ја воодушевува публиката, но овој пат на социјалните мрежи.
Таа не само што е во одлична форма, но всушност сега сите гимнастичарски акробации ги изведува балансирајќи ја тежината на нејзините две ќерки, Камали на три години и Кајсен на една.
Еластичната и силна мајка ги вклучила своите ќерки во вежбите и тие се повеќе од среќни поради тоа. Повозрасната ќерка, впрочем и самата покажува умешност и предиспозиции да ја наследи професијата на своите родители.
Гасја која е по потекло од Казахтан, е мажена за поранешниот британски гимнастичар Ендру Атертон.
Извор: Локално.мк