Центарот на Варшава ќе добие вештачка плажа
Идејата е жителите на Варшава да добијат место на кое можат да уживаат во долгото топло лето, исто како да се на море.
Иако е стотици километри оддалечен од најблиското море, градот Варшава конечно најде начин на своите жители да им овозможи да уживаат на плажа.
Повеќе од 1.000 тони песок ќе бидат транспортирани до областа што се простира низ североисточниот дел на плоштадот Дефилад.
Идејата е жителите на Варшава да добијат место на кое можат да уживаат во долгото топло лето, исто како да се на море.
Радио Полска јави дека покрај плажниот мобилијар, кафулињата и рекреативниот комплекс, градското јадро ќе добие и терен за фудбал на песок. Освен тоа, ќе бидат направени и терени за одбојка на плажа и бадминтон.
Градот планира да ја отвори плажата кон крајот овој месец, а се надева дека ќе работи се до средината на септември.
Извор: Плусинфо.мк