Џулија Робертс е бремена?
Објавено на 17 февруари, 2017 во 09:14
Последните фотографии на Џулија Робертс дадоа повод за коментари меѓу нејзините обожаватели.
“Убавата жена” се појави на церемонијата Guys Choice Awards благо здебелена. Гласините велат дека таа се соочува со привремени тешкотии во животот, а обожавателите велат дека е бремена.
Понабљудувачки настроените можат да забележат дека стомачето ѝ е навистина малку заоблено. Неодамна протекоа информации дека Џулија ќе се разведува со сопругот Дени Модер.
Актерката не ги коментира ниту информацијата за разводот, ниту информацијата за бременоста. Иако двете вести се појавија речиси истовремено.